Струмица горда на Пандев
Ова, во телефонскиот разговор непосредно пред почетокот на историскиот натпревар со Грузија му го посaкал Ристо Пандев на неговиот син, на капитенот на македонската репрезентација. Како и сите, ја посакувал победата и силно се надевал на успех, но сепак имал одредена доза на страв и не сакал пред време да се рабува бидејќи утакмицата беше тешка.
Натпреварот го следел сам. Вели така е најдобро, затоа што на тој начин бил фокусиран на натпреварот. Нема никаква замерка, ниту на играта на Горан, ниту пак на другите репрезентативци.
Во Струмица и денеска се чувствува славеничка атмосфера. Освен за Горан Пандев, честитки од сите страни пристигаат и до неговите родители. Но, татко му Ристо вели и покрај тоа што голот го постигна Горан успехот не е само негов, туку на цела репрезентација и стручниот штаб. Додава дека без разлика, кој и да го дадеше голот исто ќе се радувавме.
На прашањето од кого Горан Пандев ја има наследено упорноста, татко му со одговор дека тоа е негова карактерна особина. Кога ќе започне нешто тој сака да го заврши како што треба и да успее.
Во успесите на Горан Пандев неговите родители верувале уште од самите почетоци во фудбалот. Иако со доза на трема и неизвезност истата верба ја имале и синоќа додека го следел натпреварот со Грузија. Токму со таква позитивна мисла и верба за нов успех ќе го чекаат почетокот на Европското првенство на кое за прв пат ќе се интонира и македонската химна.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
