Македонија
12. March 2024 - 12:19

Странци купуваат имоти во Охрид

Охрид од година во година станува се поатрактивна дестинација за странците.Се почесто државјани од Холандија ,Германија,Англија ,САД ,Канада и Турција купуваат луксузни апартмани и куќи во стариот дел , но и во руралните средини кои се во непосредна близина на градот.

Од агенциите за недвижности велат дека многу често и странците пензионери го избираат Охрид како постојано живеалиште бидејќи со нивните приходи имаат удобен живот во нашата земја.

Зголемен е бројот и на странците сакаат и да инвестираат  да купат земјиште за да градат  хотели и згради,  но наидуваат на долги процедури и многу време губење по институциите за да отпочнат официјално со градба.