Стомачни вируси се уште ги “мачат” децата поради високите темперaтури
И средината на септември доминираат цревните инфекции кај децата поради високите дневни температури. Не само во ординациите на матичните педијатри, пациенти со стомачни симптоми се најчести периодов и на Клиниката за детски болести.
- Со дијареа, повраќање, дехидратација, фебрилност. Секако помалите децфа се поосетливи и некои од нив бараат и болнички третман, изјави д-р Реџеп Мемеди, директор на Клиниката за детски болести.
На детската клиника очекуваат наредниот период и зголемен број на деца со респираторни симптоми.
- Со почетокот на школската година веќе почнуваат да се јавуваат пациенти со знаци на респираторни инфекции, кои очекуваме наредниот период да се зголемат. Ќе доминираат вирусните респираторни инфекции на горниот респираторен тракт, со знаци на настинка, течење на нос, црвенило на очите, болки во грлото, фебрилност итн... рече д-р Мемеди.
Лекарите предупредуваат дека не само вирусите и бактериите, наредниот период и загадениот воздух дополнително ќе им го влошува здравјето на граѓаните, а пред се на децата.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
