СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
Владата води изолационистичката политика и ги загрозува стратешките национални интереси, одалечувајќи ја земјата од ЕУ – опозициската СДСМ обвинува дека по сигналите од Брисел за проширувањето, Македонија ја нема во групата од четири земји за кои се спрема стратегија за пристапување. Опозицискиот лидер Филипче ги оцени како лаги изјавите на премиерот Мицкоски од Вашингтон дека се бара решение за европскиот пат на земјата.
Македонската влада бара решение за европскиот пат, но нема да се чека во место, туку ќе се спроведуваат реформи и ќе се привлекуваат странски директни инвестиции, порача премиерот Мицкоски од Вашингтон претставувајќи ги стратешките приоритети на Македонија пред Атланскиот Совет. Испрати порака дека Македонија останува целосно посветена на членството во ЕУ, но го повтори ставот дека процесот мора да се темели на реформи и заслуги, а не на постојано отворање нови билатерални прашања. Понуди уставни измени со одложено дејство за деблокада на процесот.
Конкретни пораки за земјите кандидатки и најавената есен на проширување се најавуваат за време на посетата на регионот на шефицата на ЕК, Урсула Фон дер Лајен кон крајот на месецот или почетокот на октомври. Унијата подготвува и мапи за најнапредните земји во процесот на пристапување во ЕУ кои се однесуваат на Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
