Ставен под контрола пожарот во Преспа кој навлезе во Националниот парк Пелистер

Пожарот што вчера попладне избувна во Преспа и навлезе во Националниот парк „Пелистер“, во подножјето од ресенска страна, е ставен под контрола, информира ЦУК.
-Во гаснењето беа ангажирани екипи на Националниот парк „Пелистер“, ТППЕ Ресен и ТППЕ Битола, ер-трактори и два тима со пинцгауери од Дирекцијата за заштита и спасување, како и механизација од јавните претпријатија од Битола, наведува ЦУК.
Дежурни екипи од НП „Пелистер“ остануваат на терен за целосно догаснување и спречување на евентуално повторно активирање на пожарот.
Пожарот избувна вчера попладне во атарот на село Макази, Општина Ресен, истовремено на најмалку две локации, а поради опасноста од негово ширење кон Националниот парк „Пелистер“ ангажирани беа Ер-трактори и дополнителни тимови на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов, соопшти дека пожарот започнал покрај неколку овоштарници со јаболка, а додека пожарникарите се обидувале да го стават под контрола, се појавила подолга огнена линија на друга локација, што, според него, укажува дека пожарот бил намерно подметнат.
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
