-->
-->
Стартуваше Аустралија Опен
-->

оминик Тим и Александар Зверев изборија пласман во второто коло на Австралија опен. Првата рунда во Мелбурн ја минаа и Стен Вавринка, односно Милош Раониќ.
Финалистот од минатата година, Тим, имаше проблеми во првиот сет против Михаил Кукушкин, кој го доби во тај-брејк, а потоа во наредните два славеше со 6/2, 6/3. Австриецот во првиот сет спаси и сет топка.
Зверев имаше големи проблеми со 73.играч на АТП листата, Маркос Џирон. Германецот кршеше рекети во првите два сета, на крајот славеше со 3:1 (6/7, 7/6, 6/3, 6/2).
Вавринка и Раониќ, рутински во три сета ги минаа своите противници Федерико Кориа, односно Педро Соуса. Доколку бидат успешни во второто коло, овие двајца ќе играат меѓу себе во третата рунда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски најави брза пруга до Солун
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
