Македонија
23. November 2023 - 13:00

Становите во Охрид стануваат се поскапи

Зголемената побарувачка на пазарот на недвижности во главниот туристички центар ги крена цените иако понудата е намалена.

Најпривлечни, но и најскапи за купувачите се покрај брегот на Oхридското Eзеро каде цената достигнува до 2 илјади евра за метар квадратен и централното градско подрачје каде метар квадратен чини 1500 евра.

Цените ги диктира пазарот и се очекува и натаму да растат, во Охрид согласно препораките на Унеско има помала понуда, но поквалитетна.

Најбарани се викенд становите кои често се користат и за издавање на туристи, а странците се заинтересирани за градење на луксузни вили со поглед на езерото.

Најчести купувачи на станови и куќи во Охрид се од останатите делови од Македонија но има и странци кои купениот имот го користат за одмор, но и за семејно домување.