Бизнис
1. јуни 2022 - 16:38
ССМ во петок носи одлука за генерален штрајк
Сојузот на синдикати на Македонија во петок ќе одлучува за генерален штрајк кој како што велат е неминовен поради завршувањето на мерките за ограничувањето на основните производи и најавите од трговците на големо и на мало за над 10 отсто зголемување на цените. Тие побараа Владата уште утре да го исполни ветеното линеарно зголемување на платите на работниците во јавниот сектор од 2.806 денари.
Од ССМ велат дека во најскоро време ќе бараат и поголемо зголемување на платите.
Од ССМ посочија дека инфлацијата ја изела минималната плата и линеарното зголемување на платите и најавија дека ќе ги бараат сите права загарантирани со Уставот и Законот за работни односи.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
