Средба Сиљановска Давкова - Мацут: Посебен осврт на претстојниот Самит Брдо-Бриони што во ноември ќе се одржи во Охрид

Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова денеска во вила „Билјана“ во Охрид остварила средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут.
- Во вилата „Билјана“ се сретнав со српскиот премиер, проф. д-р Ѓуро Мацут, придружуван од македонскиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски. Особено ми беше драго што, покрај политичките функции, тројцата нè поврзува и академската професија, којашто секогаш отвора простор за содржаен и аргументиран дијалог - наведува претседателката во објава на Фејсбук.
Сиљановска - Давкова посочува дека размениле мислења за актуелните регионални, европски, и меѓународни прашања, со особен осврт на претстојниот Самит на процесот Брдо-Бриони, којшто во ноември ќе се одржи во Охрид.
Претседателката во објавата додава дека ја истакнале и важноста од негување на добрососедските односи и соработка.
Домаќин на посетата на српскиот премиер е претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Како што беше посочено, фокусот на разговорите ќе бидат натамошното унапредување на политичкиот дијалог и продлабочувањето на економската соработка меѓу двете земји.
МИА
Ново на Сител
-

Промовирана новата генерација полициски службеници
-

Охрид подготвен за бројните туристи, службите на терен
-

2 милиони долари за нов имплулс на ХС „Злетовица“
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
