Македонија
24. јуни 2026 - 8:31

Средба на Минчев со српската министерка за јавна администрација Пауновиќ

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска во Министерството ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија, Снежана Пауновиќ.

-Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација, соопшти  МЈА.