Македонија
3. November 2023 - 12:27

Срцевите заболувања главен здравствен проблем на охриѓани

Срцевите заболувања и натаму водечка причина за смртност во охридскиот регион. Од година во година се повеќе млади страдаат од кардиоваскуларните болести, иако не ги земаат за сериозно сметајќи дека се премногу млади за да заболат и не ги менуваат навреме животните навики.

Од кардио-васкуларните заболувања, повеќе страда женската популација, вели статистиката, но процентот на хоспитализација е поголем кај мажите.

Најмoќна алатка за борба против овие заболувања, останува превентивата, контролните прегледи, и воведување на здрав начин на живот. Повеќе од 80 отсто од случаите на срцев и мозочен удар со смртен исход се случуваат во земјите со среден и низок приход и може да се спречат.