Србија не треба да се откажува од преговорите за членство во ЕУ, нагласува потпретседателката на српскиот парламент

Србија не треба да се откажува од преговорите за членство во Европската Унија без оглед на специфичноста на прашањата околу Косово и воведувањето санкции против Русија, и целата ситуација околу проширувањето треба да и даде на Србија поттик да ги спроведе потребните реформи. Тоа денеска за РТС го изјави потпретседателката на српското собрание и претседателка на Парламентарниот комитет за европски интеграции, Елвира Ковач.
Таа истакна дека во моментов, Црна Гора има најголеми шанси наскоро да се приклучи кон ЕУ.
„Факт е дека проширувањето е меѓу приоритетите и сите знаеме дека тоа се должи на геополитиката и несреќната војна во Украина, но мора да бидеме искрени и дека Црна Гора има најголема шанса наскоро да влезе, која доби подготовка на пристапниот договор. Албанија очекуваше да го добие веќе во мај, но очигледно е дека и тој се одложува. Следните со најголеми шанси се Украина и Молдавија, отворањето на првите преговарачки кластери со овие две земји се очекува многу наскоро“, изјави таа
Ковач изјави за РТС дека Србија мора да продолжи со реформите, усогласувањето со европските стандарди и дијалогот со Брисел, и покрај отворените политички прашања.
Од земјите од регионот се очекуваат реформи, почитување на владеењето на правото и усогласување со надворешната политика на ЕУ, додаде таа.
„Сето ова треба да биде дополнителен поттик за Србија да спроведе реформи“, рече Ковач.
Зборувајќи за барањата на ЕУ за усогласување на надворешната политика со Брисел, Ковач оцени дека ова првенствено се однесува на прашањето за санкциите против Русија.
„Србија има помал степен на усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ во споредба со другите земји-кандидатки, но целта е постепено да се зголемува тој процент“, рече таа.
Таа додаде дека поради енергетска зависност и политички причини, Србија останува посветена на тоа да не воведува санкции врз Русија.
МИА
Ново на Сител
-

Климатските промени влијаат врз пчеларството
-

Се помалку медицински сестри, се поголем притисок во болниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Со 20.000 евра казнета фирмата чиј камион нелегално исфрлаше шут во скопски Аеродром
-

Бугарската министерка до Муцунски: Почитување на договореното за отворање на Европскиот пат
-

Тема на денот со Никица Мојсоска Блажевски, извршна директорка на „Македонија 2025“
-

Укинување на доживотниот затвор бараат осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-

Ниту еден од 13-те полицајци не се чувствува виновен за трагедијата во „Пулс“
