СПМ: Македонија не е предмет на бугарски историски диктат

Со најостро несогласување ја отфрламе изјавата на бугарската претседателка Илијана Јотова дека Македонија и Бугарија имаат „заедничка историја“ и дека Софија ќе продолжи да се „грижи“ за Бугарите во Македонија, наведува Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) во реакција, која Сител ја пренесува интегрално.
Македонската историја има свој континуитет и свој развој и не може денес да биде прекројувана според бугарски национални претензии. Македонија има свој историски, духовен и културен континуитет и свое национално паметење. Таа е древно средиште на европската цивилизација и не може нејзиното минато да се толкува исклучиво низ политичките матрици на соседните држави.
Историските допири меѓу народите не значат и заедничка национална историја. Особено не може денес ретроспективно да се наметнуваат современи национални категории врз векови македонска историја, а политичките процеси на бугарско национално наметнување и асимилација да се претставуваат како „заедничка историја“.
Наместо историски претензии и политичко туторство, потребно е почитување на македонскиот народ, неговиот јазик, култура, идентитет и историско паметење.
И на крајот, за оние што намерно го забораваат историскиот факт: АСНОМ е темелот на современата македонска државност, извојуван низ четиригодишната антифашистичка и ослободителна борба на македонскиот народ, вклучително и против бугарската фашистичка окупациска власт. Тој историски факт јасно сведочи дека македонската државност не е туѓ проект, туку резултат на сопствена борба, сопствена политичка волја и сопствено државотворно право.
Европа не се гради со присвојување туѓа историја, туку со почитување на различностите.
Тука почнува и тука завршува секој обид Македонија да се преобликува според туѓи историски и политички матрици. Македонија не е ничиј историски проект. Македонија има своја историја. Македонија е своја.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-

Скулптурите од колонијата „Марко Цепенков - Дрен 2026″ ќе бидат поставени низ парковите во Прилеп
-

Русија го нападна родното место на Зеленски – Убиени најмалку 16 луѓе
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
-

Прекината епидемијата во Гостивар
-

Чадот од пожарите го загрозува здравјето - најчувствителни се децата и хронично болните
