СП2026: Франција ја освои групата, Сенегал остана во игра за нокаут фазата

Француската фудбалска репрезентација го освои првото место во Групата И на Светското првенство со максимални девет бодови, откако вечерва ја победи Норвешка со 4-1 (3-1) во Бостон, додека Сенегал заврши третопласиран во групата со победа од 5-0 (1-0) против Ирак во Торонто.
Откако освоија максимални шест бодови во првите две кола и го обезбедија пласманот во нокаут фазата, Франција и Норвешка во меѓусебен дуел одлучуваа за победникот во групата. Додека Франција влезе во натпреварот со својот најдобар состав, норвешкиот селектор Стале Солбакен ги остави на клупата своите најдобри фудбалери, овозможувајќи им на Французите лесна победа.
Усман Дембеле постигна три гола во првото полувреме за Франција (7, 20, 32), додека Тело Асгард (21) беше стрелец за Норвешка. Дезире Дуе (90+4) го постави конечниот резултат во судиското продолжение.
Сенегал и Ирак, пак, откако ги загубија двата воведни натпревари, одиграа натпревар за третото место и можност да го продолжат мундијалскиот турнир како една од осумте најдобро третопласирани репрезентации.
Сенегал се покажа како многу подобар тим и остана во игра за пласман во шеснаесетфиналето со убедлива победа, со головите на Хабиб Диара (4), Исмаила Сар (59), Папе Гаје (59, 71) и Илиман Ндијае (82).
Франција ја заврши групната фаза со девет бодови, Норвешка со шест, Сенегал со три, а Ирак без бодови.
Засега е познато дека противник на Норвешка во шеснаесетфиналето ќе биде Брегот на Слоновата Коска, во вторник во Далас.
МИА
Ново на Сител
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
-

Преглед на вестите од светот
-

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот
