НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
Душеци на подот, недостиг од вода за пиење и пристап до лекар. Ова се само дел од проблемите со кои соочуваат осудените лица сместени во македонските затвори. Според последниот извештај на Националниот превентивен механизам, главен предизвик за казнено поправните установи, се уште останува пренатрупаноста. Подобрување е забележано во затворот Идризово после реновирањето на осмото крило, но при увидот пренатрупаност е утврдена во женското одделение. Наместо предвидените 70, таму биле сместени 90 затворенички. Во извештајот се нотира уште една слабост - затворскиот лекар прегледува во присуство на полицаец.
„Имајќи ги предвид стандардите за доверливост на медицинските прегледи, Националниот превентивен механизам (НПМ), уште еднаш нагласува дека здравствените прегледи треба да се вршат без присуство на затворски полицајци, освен во исклучителни случаи кога медицинскиот персонал ќе процени дека постојат безбедносни причини за тоа“, изјави Соња Трифуновска, Заменик народен правобранител.
Народниот правобранител ја проверувал и состојбата во психајтриската болница „Демир Хисар“, каде било утврдено дека дваесетина пациенти со лажни психајатриски вештачења го изиграле системот и избегнале ефективен затвор.
„Обезбедувањето квалитетен, стручен и независен систем на психијатриско вештачење, како 13 и зајакнувањето на капацитетите на форензичката психијатрија, претставуваат важен предуслов за заштита на правата на пациентите, за правилно функционирање на правосудниот систем и за зачувување на довербата во институциите“, вели Трифуновска.
Проверки се правеле и во полициски станици, под лупа на националниот превентивен механизам биле објектите во Чаир, Карпош, Тетово и Гостивар. Главен проблем е што во ниту една од полициските станици нема просторија за задржување и разговор со лица.. Според извештајот, секаде недостасувал и кадар..
„Дополнително, беше забележана практика на прераспоредување на полициски службеници на работни позиции и задачи за кои претходно немале работно искуство.. Ваквата практика може директно да влијае врз квалитетот на постапувањето со лицата лишени од слобода и да го зголеми ризикот од несоодветно постапување“, вели Трифуновска.
Народниот правобранител алармира дека импровизациите директно го зголемуваат ризикот од лош третман на луѓето лишени од слобода.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
