Лебот и пецивата под притисок за поскапување
Можно е ново покачување на цените на лебот и белите пецива. Пекарскиот сектор предупредува дека зголемените производни трошоци создаваат притисок врз крајните цени, а доколку трендот продолжи, дел од производителите ќе мора да направат корекција. Како една од главните причини се посочува цената на брашното, но врз производството влијаат и останатите суровини и материјали потребни за подготовка на лебот и печивата. Дополнителен трошок за пекарите се електричната енергија, горивото и транспортот, особено поради фактот што пекарниците работат со печки и опрема која бара значителна потрошувачка на енергија.
- Најверојатно ќе се оди со благо покачување од 3 до 5 денари по пециво, меѓутоа ќе ја следиме состојбагта како ќе биде, можеби ќе издржиме и спетември, но ќе мораме да реагираме, бидејќи енергенсите се веќе поодамна поскапени, а некако тоа ќе го искомпензираме со залихите што ги имаме на брашно и други материјали кои по стара цена ги имаме набавено. Ќе видиме како и тие ќе реагираат, дали ќе имаме покачување на репороматеријалите. Веќе имаме покачување на пакувањето, изјави Николчо Малинов, пекар од Штип.
Свој удел во конечното дефинирање на цените на пекарските производи имаат и зголемените трошоци за работна сила. Повисоките плати се неопходни за задржување на работниците, посебно во летниот период кога многумина од секоторот заминуваат да работат во угостителските објекти во туристичките центри на Јадранот и Егејот. За граѓаните, пак, секое ново покачување на цената на лебот значи дополнителен удар врз домашниот буџет, бидејќи станува збор за основен прехранбен производ кој се купува секојдневно.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
