Анализа: Амбиција за ЕУ, но и незадоволство од процесот во говорот на Мицкоски
Мешавина од амбиција за членство во ЕУ и незадоволство од досегашниот тек на процесот, вака политичкиот аналитичар Петар Арсовски го оценува говорот на премиерот Христијан Мицкоски пред генералното собрание на обединетите нации.
Неговот обраќање, вели Арсовски, укажало дека Европската интеграција на државата останува стратешка цел, но и дека трпението со непредвидливиот пат кон Брисел се намалува.
„Мислам дека самиот факт што значајно место во неговиот говор во Обединетите Нации беа евроатлантските интеграции и нашата проевроатлантска ориентација, говори за тоа дека тој сака да прати порака дека тоа е сè уште наша стратешка одредница, но бара предвидливост на патот“, изјави Петар Арсовски, политички аналитичар.
Мицкоски од Њујорк порача дека земјава не бара посбен третман, туку предвидлив пат кон Европската унија. Тој од говорницата и потврди дека НАТО и стратешкото партнерство со САД се дел од евроатланската орјентација на државата.
Пораката од Обединетите нации, според Арсовски е наменета и за Брисел и за домашната јавност. Вели, дома Мицкоски сака да потврди дека неприфатливи се отстапки на патот кон ЕУ, а од Европската унија, бара поактивен пристап и ново размилсување за проширувањето.
„Тоа е една комплицирана порака која е наменета за сите можни јавности. Истовремено сакаш да пратиш порака, се разбира, дека ние сме стратешки партнери со Соединетите Американски Држави и дека го гледаме останатиот дел од светот, тој експлицитно го кажа. Мислам дека е тоа обид во пресрет на посетата на Фон дер Лајен да се добие некаква нова креативна рамка која би можела да значи промена“, вели Арсовски.
Според Арсовски, говорот на премиерот укажувал и на поактивна надворешна политика на владата во однос на евроинтеграциите, кои како што истакна Мицкоски, треба да се засновани на заслуги и мерливи критериуми, а не процес во кој билатералните прашања, постојано можат да ја поместуваат целта.
„Секако покажува дека се подготвени да бараат креативни решенија. Не само тоа, и претходната најава за можна одблокада ако се прифатат одложени измени покажува дека има некаков притисок тоа прашање да се реши и дека Владата активно размислува на тоа прашање, но секако далеку сме од некакви контури на план или заеднички договор“, додава Арсовски.
Од говорницата во обединетите нации, Мицкоски исткна дека довербата во меѓународниот систем е загрозена, бидејќи како што рече, многу луѓе опрвадано чувствувале дека правилата не важат еднакво за сите.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
