СП ракометари до 19 години: Унгарија следен противник на македонската репрезентација

Македонската ракометна репрезентација утревечер ќе игра со Унгарија во полуфиналето од сегментот за пласман од 9 – 12. место на Светското првенство за играчи до 19 години.
Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ, иако не успеаја да влезат во четвртфиналето, покажаа дека имаат потенцијал да се „носат“ со најдобрите селекции на светот.
Во групната фаза на Мундијалот во Хрватска, Македонците загубија од Норвешка во натпревар неизвесен до самиот крај, а ги совладаа Црна Гора и Грузија. Следуваше Главната фаза каде е доживеан пораз од Данска и победа вчеравечер над Австрија.
Доколку утре (почеток 20 часот) ја победат Унгарија, младите македонски ракометари во меч за 9.место ќе играат со поуспешниот од дуелот Чешка – Саудиска Арабија. Поразените селекции ќе се борат за 11. место.
Ново на Сител
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Драги Змијанац, претседател на „Меѓаши“
-

Историски успех на младиот Македон на Германската математичка олимпијада
-

32 возачи лишени од слобода за празничниот викенд
-

Македонското население старее, државата крои стратегија за зголемување на наталитетот
