СП 2026: Властите на Мексико ќе распоредат 1.700 полицајци на денот на отворањето

Мексиканските власти ќе распоредат 1.700 полицајци и службеници за итни случаи во Мексико Сити за да обезбедат безбедност и поддршка на масовните настани на денот на отворањето на Светското првенство, објави Пабло Васкез Камачо, министер за јавна безбедност на главниот град.
-Секретаријатот за јавна безбедност спроведува операција во која ќе бидат вклучени 1.700 полицајци од полициските операции, контролата на сообраќајот, спасување и медицински единици, рече Васкез Камачо на прес-конференција.
Мексиканските наставници штрајкуваа и се закануваат дека ќе ја нарушат церемонијата на отворање на Светското првенство во 2026 година. Масовни протести започнаа во Мексико еден ден пред почетокот на Светското првенство во 2026 година. Се преземаат зголемени безбедносни мерки поради тековните протести на работниците во образованието и другите социјални движења.
Церемонијата на отворање и првиот натпревар на Светското првенство ќе се одржат во Мексико Сити вечер во 21 часот по македонско време.
Светското фудбалско првенство ќе се одржи за прв пат во три земји: Мексико, САД и Канада. Воведниот натпревар помеѓу Мексико и Јужна Африка ќе се одржи на стадионот „Естадио Ацтека“.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
