СП 2026: Холандија со победа над Тунис го потврди првото место во групата

– Репрезентацијата на Холандија ја постигна и втората победа на Светското првенство откако ноќеска го совлада Тунис со 3:1, додека во вториот дуел од групата Јапонија и Шведска одиграа 1:1.
Холандија дојде до брзо водство против Тунис откако Елиас Скхири во 3.минута постигна автогол, а Брајан Броби во 7.минута зголеми на 2:0. На почетокот на вториот дел Хазем Мастури намали на 2:1, а конечниот резултат го постави Јан Пол ван Хеке во 62.минута.
На дуелот во Далас, Јапонија дојде во водство преку Даизен Маеда во 54.минута, а изедначи Ентони Еланга во 62.минута.
Холандија е прва со 7 бодови во групата Ф, додека Јапонија освои 5 и двете селекции изборија пласман во следната рунда, а Шведска со 4 бодови ќе ја чека разврската во другите групи. Тунис е последен без бод.
Ново на Сител
-

Николоски најави брза пруга до Солун
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
