Сорос подготвува план како да се соочи со моќта на Фејсбук и Гугл
Милијардерот Џорџ Сорос, кој ги обвини ИТ гигантите Фејсбук и Гугл како закана за се, наводно истражува начини за соочување со растот на нивната моќ.
Портпаролот на една од неговите влијателни фондации Лалех Испахани истакна дека Сорос минатата година му донирал 180.000 долари на Институтот за отворени пазари.
- Фондациите за отворено општество долго работеа на прашања кои се однесуваат на слободен и демократски проток на информации и начини на кои концентрацијата на моќ може да влијае врз знаењето и комуникацијата, изјави Испахани.
Тој додаде дека неодамнешниот говор на Сорос на Светскиот економски форум предизвикал загриженост поради ефектите од влијанието на неколку гигантски интернет платформи.
- Сосема сигурно истражуваме нови начини на кои можеме да ги решиме тие проблеми, не само во САД, туку и меѓу нашите основачи на глобално ниво, додаде Испахани.
Сорос неодамна изјави дека Фејсбук и Гугл претставуваат „пречка за иновации“ и закана за општеството. Тој додаде дека мала е веројатноста дека тие ќе се сменат без некоја регулатива.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
