Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени

Унгарската Влада ќе им исплаќа парична помош на дел од возачите во земјата за да им помогне да се справат со наглото зголемување на цените на горивото предизвикано од војната во Иран, пренесува ДПА.
Според владината уредба објавена во петокот во унгарскиот Службен весник, сопствениците на возила со дизел-мотор со моќност помала од 110 киловати (150 коњски сили) ќе добиваат по 5.000 форинти (15,7 долари) месечно, во периодот од септември до декември.
Цените на горивото во Унгарија нагло пораснаа по почетокот на војната во Иран во февруари. Литар бензин (од 95 октани) на повеќето бензински пумпи чини во просек 1,77 евра (1,90 долари), додека литар дизел достигнува и до 1,90 евра.
За да го остварат правото на парична помош, сопствениците на возила не треба да поднесуваат барање. Унгарската даночна управа, која ги поседува и податоците за регистрација на возилата, автоматски ќе ги префрли соодветните износи на оние што ги исполнуваат условите.
Премиерот Петер Маѓар ја оправда одлуката за ограничување на помошта само на возачите на дизел-возила, со образложение дека цената на овој вид гориво претрпела особено голем пораст во изминатиот период.
Ново на Сител
-

Греењето на дрва се намалува секоја година за 10%, на граѓаните сега им се достапни и банки за струја кога произведуваат електрична енергија
-

Истрага за загрозување на животна средина
-

Филипче на средба со земјоделците
-

Со вежба за помош на мигранти во Струмица одбележан Денот на првата помош
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
