Сончево со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 километри на час, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
УХМР најави дека од утре до четврток, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а в четврток ќе има услови за изолирана појава на грмежи. Ќе дува југоисточен ветер кој во вторник ќе биде засилен, долж Повардарието со брзина над 60 километри на час. В петок и в сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
МИА
Ново на Сител
-

Сопственикот на Алта банка го шири бизнисот – купува 5 фирми во Србија
-

Лица со хемофилија без терапија а донација стои во магацин 1 месец
-

Примирјето во Либан стапи во сила
-

Европски конгрес на абдоминални хирурзи во Скопје
-

Илон Маск донатор во Стоби
-

Доградба на ОУ „Страшо Пинџур“, од следната учебна едносменска настава во цела О. Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
