Сончево со температура до 39 степени, попладне услови за дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Во следните два дена ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност во текот на денот. Дневната температура локално ќе достигне 40 степени. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Во вторник се очекува на повеќе места нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени, информираат од УХМР.
МИА
Ново на Сител
-

Бизнисот бара, но работници нема
-

СДСМ: Над 2 милиони евра завршиле кај ,,Маратон" и уште една фирма блиска до ВМРО
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
-

Капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река
-

Треба да се работи на збогатување на гастрономската понуда
-

Македонската наука во европската мрежа COST
-

Пожарот кај селото Бајково и понатаму активен, но под контрола
-

Претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ на средба со министерот Мухамед Хоџа
