Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, од понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде денеска и во деновите од викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 31 степен. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер..
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
