Сомнеж за труење со храна во ТИРЗ Штип, вработени побарале лекарска помош

Неколку вработени во компанија лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип синоќа пријавиле здравствени проблеми кои укажуваат на можно труење со храна.
Според првичните информации, повеќе од пет лица почувствувале симптоми како мачнина, повраќање и стомачни болки по консумирање на оброк обезбеден на работното место, дознава М Нет телевизија.
Двајца од вработените, поради влошување на состојбата, побарале лекарска помош и примиле инфузија, додека останатите имале поблаги симптоми,
Неофицијално, храната за вработените ја доставувала фирма од Кочани, а надлежните институции треба да утврдат дали навистина станува збор за труење со храна и што го предизвикало инцидентот.
Очекувањата се дека надлежните служби ќе извршат контроли, а по потреба ќе бидат земени и примероци за лабораториски анализи со цел утврдување на точниот извор на здравствените проблеми.
Повеќе детали се очекуваат по официјалните извештаи од институциите во текот на денот.
Ново на Сител
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-

Струшката депонија горлив проблем
-

Депониите главен ризик за пожари во струмичко
-

Кобен јули за истокот, пожари, па невреме
