Македонија
11. July 2023 - 12:48
Со засилени мерки охридската полиција ќе се грижи за безбедноста на туристите
И ова лето полициските службеници со засилени мерки.За охриѓани и туристите да имаат мирна сезона ангажирани се сите ресурси.
Со оглед на се позачестените кражби на плажите и паркинзите од СВР Охрид апелираат на поголема внимателност на предметите и заклучување на возилата на паркинзите.
Летово активна е и велосипедската полициска патрола низ центарот на градот, кејот и плажите долж езерото, а засилени контроли има и во патниот сообраќај.
На подрачјето на Охрид во текот на само месец јуни регистрирани биле 31 сообраќајна несреќа додека во јуни минатата година имало 16 незгоди и едно загинато лице.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
