Со заработка од 977 милиони долари филмот за Мајкл Џексон е најпрофитабилен биографски филм на сите времиња

Биографскиот филм за Мајкл Џексон, насловен „Мајкл“, собори рекорди со заработка од 977 милиони долари, со што стана најпрофитабилниот биографски филм на сите времиња. Со тоа филмот го симна од првото место „Опенхајмер“, а претходно го надмина и „Боемска рапсодија“ („Bohemian Rhapsody“), а со тоа стана музички биографски филм со најголема заработка во историјата.
„Мајкл“ е во режија на Антоан Фукуа. Филмот го раскажува животот на Мајкл Џексон, од детска ѕвезда во семејната група Џексон 5, па се до станување „крал“ на поп музиката. Главната улога ја толкува Џафар Џексон. Во споредни улоги можат да се видат Колман Доминго и Ниа Лонг, како негови родители.
Премиерата на филмот беше во април. Биографијата во првата недела од прикажувањето оствари заработка од 217 милиони долари, со што ги надмина претходните музички биографски филмови, меѓу кои и „Директно од Комптон“ („Straight Outta Compton“).
Филмот постигна голем успех кај обожавателите. Голем број критичари оценија дека филмот го прикажува Мајкл Џексон во премногу позитивно светло. Според нив, во него воопшто не се обработени обвинувањата за сексуална злоупотреба што со години беа изнесувани против него.
„Мајкл“ е финансиски поддржан од наследниците на Мајкл Џексон. Во музичките сцени што доминираат во филмот се користени неговите оригинални вокални снимки. Филмот привлече голем број гледачи во кината, а со тоа придонесе и за значителен пораст на слушаноста на неговите песни на стриминг-платформите. Минатиот месец Џексон беше најслушаниот изведувач на Јутјуб во Велика Британија. Песната „Били Џин“ („Billie Jean“) во моментов е втора најслушана песна на платформата Спотифај, на светско ниво.
„Студиото Лајонсгејт, планира да сними уште еден филм посветен на Мајкл Џексон“, напиша списанието Варајети.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
