Македонија
8. јуни 2024 - 17:08

Со поддршка од Европскиот фронт донесен Законот за реорганизација на Владата

Пратеници од Европскиот фронт предводен од ДУИ обезбедија двотретинско мнозинство за носење на законот за реогранизација на Владата

Во три часот по полноќ Собранието ги донесе измените со кои бројот на министерства од 16 се зголемува на 20.

Поддршка дадоа 58 пратеници од Колаицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од ВРЕДИ, 6 од ЗНАМ, двајца пратеници од Турската партија дел од Европскиот фронт, 1 паретник на ДПА и 6 од ДУИ. Против беа 16-те пратеници на СДСМ и шесте од Левица.

Поддршката од Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ ја обезбеди на средба непосредно пред гласањето. Според партиските соопштенија од двете коалиции покрај за поддршката на законските измени, на средбата било прифатено и барањето на Европскиот фронт за формирање на ад хок собраниска комисија која  ќе ја следи правичната застапеност на сите етнички заедници во институциите.

Во рамки на собраниската расправа пак СДСМ го критикуваа законот со став зголемувањето на бројот на министерства ќе биде оптоварување на буџетот и во корист на политичкиот пазар за нови партиски вработувања. Левица критикуваа за прекршување на собраниските процедури.

Ден подоцна од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ова е исполнување на првото предизборно ветување кое ќе донесе поефикасни институции.

Митева тврди дека поддршка од ДУИ доаѓа без никакви пазарења и условувања. Владејачкото мнозинство нема ништо против нивното барање да се формира комисија која ќе ја следи правичната застапеност на етничките заедици во рамки на институциите.

Според заонските измени, Секретаријатот за европски прашања ќе прерасне во ново министерство. Новина е и формирање на министерства за енергетика, рударство и минерални суровини, за спорт и за дигитална трансформација.

Секторот млади ќе стане дел од Министерство за социјална политика и демографија, додека  ресорот труд ќе влезе во Министерството за економија и труд, од каде секторот туризам ќе премине во министерството за култура.