Loading Video...
Свет
2. July 2023 - 16:31

Сисак, Хрватска: 45 годишна жена убиена, а уште 7 лица повредени

45 годишна жена е убиена а уште 7 лица се повредени откако синоќа маж вооружен со автоматска пушка почнал да пука во луѓе на периферијата на хрватскиот град Сисак. Како што информира локалната полиција, 4 лица се потешко повредени и лекарите се уште се борат за нивниот живот. Неколку часа во Сисак владеела вистинска паника а убиецот почнал да пали куќи и автомобили

По 4 часовна потера локалната полиција го привела убиецот кој се криел во подрумот на една зграда 

Сопругата и едно од децата на градоначалникот на париското предградие Леј Ле Роуз се повредени а неговиот дом и автомобилот запалени во текот на петтиот ден од протестите во Франција. 

Францускиот министер за внатрешни работи вчерашниот ден го оцени како малку помирен од претходните што според него се должи на распоредувањето на повеќе од 45.000 полицајци на француските улици. Приведени се 719 демонстранти, повредени 45 полицајци а опожарени се 26 полициски станици и уште педесетина други објекти како и 577 автомобили. 

17 годишниот тинејџер поради чие убиство Франција гори веќе 5 дена, вчера беше погребан во кругот на најблиското семејство.

Војната во Украина ќе продолжи да го поткопува легитимитетот на рускиот воен врв и тоа незадоволство е генерациска шанса да регрутираме шпиони. Директорот на американската разузнавачка агенција ЦИА констатираше дека светот веќе јасно ги гледа слабите точки на Русија.

По 12 дена, Русија вчера за прв пат лансирала воздушен напад врз Киев. Украинската одбрана соопшти дека противоздушната одбрана ги соборила сите проектили. 

Две лица се убиени а уште 28 се повредени откако се уште неидентификувано лице отворило оган на забава во американскиот град Балтимор.

Станува збор за 18 годишно момче и 20 годишна девојка, кои биле пронајдени мртви со прострелни рани. Со слични повреди во локалните болници се префрлени уште 28 лица.  Локалните власти се во шок а полицијата бара помош од граѓаните за да го лоцира убиецот.