Македонија
20. May 2026 - 13:47

Синдикалната минимална кошница за мај 68.743 денари, намалена е за 54 денари во однос на април

Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај годинава изнесува 68.743 денари и споредена со вредноста од април кога изнесуваше 68.797 денари е намалена  за 54  денари, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница за мај изнесува 84.117  денари.

За храна и пијалаци во мај биле потребни 25.475 денари, за образование 7.192, за облека и обувки 6.334 денари, за станарина, водам електрична енергија и греење 6.338 денари, за транспорт 5.041 денари.

 

МИА

Ново на Сител