Силно невреме го зафати охридкиот регион со дожд и град
Поплавени куќи, дворови, дуќани, огромни штети врз земјоделските насади, оштетени автомобили, отежнат сообраќај на одредени пунктови по силното невреме кое попладнево го зафати охридскиот регион со обилни врнежи од дожд град со големина на орев и електрични празнења.
Од Општина Охрид велат дека досега се пријавени само штети од поплави, но, очекуваат најголемите поплаки да се од земјоделците кои допрва треба да пристигнат. Екипи на општинските Јавни претпријатија се на терен и ги санираат последиците од невремето.
Пецаков вели дека сите пумпи за исцрпување вода со кои располага Локалната самоуправа се ставени во функција, а доколку е потребно ќе се набават и дополнителен број.
Инаку во Охридскиот регион за денеска се најавуваат нови интензивни врнежи проследени со силен ветер.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
