Сиљановска-Давкова: Кирил и Методиј го изградија темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот

Кирил и Методиј го изградија и се вградија во темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот.
Нивниот подвиг не се состои само во создавањето на азбуката, туку и во отворањето на можноста човекот да ги артикулира својата мисла, вера и културна самосвест на јазикот што го разбира, нагласува претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова во честитката по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј.
-Нивното благословено и благородно дело и денес има обединувачка моќ и се смета за заедничко историско и цивилизациско наследство. Колку ли благодарни треба да им бидеме за сеуште живото и почитувано слово, без кое, ниту оние пред нас, ниту ние, не ќе можевме да ги разбереме богослужбените книги, ниту да читаме, учиме, пишуваме и твориме, односно да се просветуваме и просветлуваме, прашува претседателката Сиљановска-Давкова.
Во време на неизвесност, длабоки поделби и се поизразена отуѓеност, порачува претседателката на државата, денешниот ден не потсетува дека без култура, образование и наука, но и без вредносен систем, ниту едно општество не може да изгради меѓусебна доверба и заедништво.
-Нивниот подвиг не се состои само во создавањето на азбуката, туку во отворањето можност словенскиот човек, сопствената мисла, вера и културна самосвест да ги артикулира на јазикот што го разбира и чувствува како близок и свој, борејќи се за него и бранејќи го. Јазикот не е само збир на зборови, туку и колективна меморија, вредносен код и чувство на припадност што еден народ ги пренесува низ времето, од генерација на генерација, вели Сиљановска-Давкова.
МИА
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
