Уставен нема мнозинство да одлучува по иницијативата на Левица - предметот останува отворен
Платеното политичко рекламирање кое го оспоруваат Левица и Демократи ќе чека мнозинство гласови на уставните судии пред да се одлучи дали е уставно или не. Според судот, поради отсуство на судии во моментот ги немаат потребните пет гласа за да биде донесена конечна одлука дали да ќе се поведе постапка или ќе се отфрли инцијативата. Предметот останува отворен во фаза на гласање.
Судијата известител предложи да биде поведена постапка и да се оценуваат одредбите од Изборниот законик, велејќи дека регулативата е дискриминаторска и штетна.
Останатите судии се со поделени мислења, дел го бранат ставот дека судот не треба да одлучува по иницијатива бидејќи донесена е одлука за истите членови во 2023-та. Дел пак велат дека треба да се цени и промената на политичката реалност и не им се дава еднаков третман на сите политички актери.
Според Левица, Уставен е ставен на тест дали ќе биде чувар на Уставот или ќе легализира политичка цензура.
Според партијата, сегашниот модел на платено политичко рекламирање создава дискриминаторски пристап во распределбата на медиумскиот простор, се фаворизираат поголемите политички партии и се нарушува еднаквоста на политичките субјекти во изборната кампања.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
