-->
-->
Што предвидува протоколот за Ф-1
-->
Првиот човек на Формула 1 Чејс Кери рекол дека доколку некој од возачите биде позитивен на Ковид-19 тогаш на неговото место ќе вози резервниот возач. Кери порачал дека нема да се откажуваат доколку има позитивни тестови на коронавирусот.Сезоната во Формула 1 ќе започне на 5 јули првата од двете трки во Австрија. Засега во календарот се потврдени осум трки, односно календарот е стокмен до средината на септември.
„Доколку некој има позитивен тест тоа нема да значи и откажување на трката. Ќе ги охрабриме тимовите да имаат процедури доколку некој биде позитивен. Тој ќе биде ставен во карантин, ќе може да го ставиме во хотел, а тимот ќе може да ја искористи можноста да вози замената за тој возач. Доколку некој тим не може да се трка тоа нема да значи дека трката ќе биде откажана“, рекол Кери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Македонија домаќин на Регионална конференција за справување со демографските промени
-

Муцунски: Услови за уставни измени нема
-

Берсе од Скопје: Наскоро решение за пресудите на ЕСЧП против Бугарија
-

Одбележан 7 мај – Денот на македонската полиција
-

10 претстави во официјална конкуренција на 60-от МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Ново Село ќе добие модерен пазар вреден над 8 милиони денари
-

18 општини чекаат изведувач на регионалната депонија кај Мечкуевци
