-->
-->
Шредер МВП на Евробаскет 2025
-->

Германскиот репрезентативец Денис Шредер е прогласен за најкорисен играч на Европското кошаркарско првенство 2025.
За време на турнирот, 31-годишниот Шредер одигра осум натпревари, постигнувајќи во просек 20,9 поени, 3,5 скока, 6,6 асистенции и 0,8 украдени топки.
Во финалето на Евробаскет 2025, Германците синоќа во Рига ја победија турската репрезентација со резултат од 88:83.
Германија втор пат стана европски шампион, додека Турција пропушти шанса за прв пат да се искачи на тронот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
-

34 години од усвојувањето на македонското знаме и химната на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Лебот и пецивата под притисок за поскапување
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
