Шекеринска нема да биде дел од новата Влада
По Шеќеринска и Филипче уште најмалку тројца други министри од владиниот кабинет на Заев што не се од коалициските партнери веројатно нема да бидат дел од новиот владин состав кој деновиве интензивно го подготвува лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, коментираат извори од владејачката партија.
Иако имиња нема, коалициски партнери од Владата коментираат дека речиси е извесно дека од Владата заминува министерката за образование Царовска.
Се очекува, новиот владин кабинет на Ковачевски да биде стокмен дури и побрзо од очекуваниот 15-ти јануари. Доколку актуелниот премиер Заев ја поднесе оставката наредната среда, како што се најавува, тогаш Ковачевски би го добил мандатот за Влада некаде на 26 или 27 декември, велат изворите. Тој, пак, не би ги користел сите 20 дена уставен рок за да ја напише владината програма и да ги предложи министрите имајќи предвид дека тоа го прави уште од времето на договорот Заев-Гаши.
Министерката за одбрана претпладнево објави дека не очекува нова владина функција. Шеќеринска пред осум месеци се повлече и од партиските функции во СДСМ затоа што не се согласувала со дел од политиките
-„За жал, мојот впечаток е дека од тие лекции не ги научивме и дека некои од пораките на јавноста не ги чувме или не ги разбравме, и затоа мислам дека единствената чесна и принципиелна одлука е да не учествувам во следната Влада, нагласи Шеќеринска.
Откако ресорот здравство премина во Алтернатива, владина функција не очекува ни Филипче, а сега најавува дека се повлекува и од раковдството на СДСМ.
Новото раководство на СДСМ се очекува да биде избрано од страна на ЦО идната недела. Освен Филипче, во него нема да бидат ни Оливер Спасовски ни Мила Царовска. Новиот лидер Ковачевски и натаму смета на Сања Лукаревска, Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
