Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

Сенегалската фудбалска федерација има намера да се жали до Арбитражниот суд за спорт (CAS) на одлуката на Конфедерацијата на африкански фудбал (CAF) за доделување на Африканскиот куп на нации во 2025 година на Мароко.
- Сенегалската фудбалска федерација ја осудува оваа неправедна, без преседан и неприфатлива одлука, која носи срам за африканскиот фудбал. За да ги заштити своите права и интересите на сенегалскиот фудбал, федерацијата ќе поднесе жалба до Арбитражниот суд за спорт (CAS) во Лозана што е можно поскоро, се вели во соопштението на федерацијата.
Сенегалскиот тим има 10 дена да поднесе жалба откако ќе биде објавена пресудата на CAF.
Претходно, CAF ја потврди жалбата на Мароко и му додели на Сенегал службен пораз од 3:0 за напуштање на теренот по досудениот пенал во 90+8 минути од финалето на Африканскиот куп на нации, кое се одржа на 18 јануари. Капитенот Садио Мане го врати сенегалскиот тим на теренот од соблекуваните.
Мароканецот Брахим Дијаз го промаши пеналот, а Сенегал постигна еден гол во продолжението и ја обезбеди победата.
МИА
Ново на Сител
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
-

Сиљановска-Давкова: Струга е град пример за почитување на различностите
-

Еден месец не работи ПЕТ скенерот неопходен за следење на болните од рак – Не се знае кога ќе почнат снимањата
