Семејните стебла во М-НАВ се разгранија со блиски роднини на министри од власта
Семејните стебла се разгранија во М-НАВ со блиски роднини на министрите Османи, Љупчо Николовски, вицепремиерот Артан Груби. Премиерот Ковачевски ја нарече македонската навигација семејна фирма, мислејќи на синдикалците и членови на нивните семејства кои работат во М-НАВ, но сепак ги изостави брат му на Османи, снаата на Груби, братучедот на Николовски кои како што објави КОД се вработени ТАМУ.
Трудовиот инспекторат ќе се координира со финансиската полиција дали ќе го зголемат обемот на надзорот и ќе испитуваат како се вработени и овие лица, но велат постапуваат за вработените во М-НАВ без разлика дали се нечии роднини или не.
Македонска неофицијална агенција за вработување на лицата од власта, вака ја нарекоа од ВМРО-ДПМНЕ македонската навигација. Семејна фирма каде работат сите роднини на СДСМ и ДУИ.
„За прв пат би кажал дека можам да се сложам со Димитар Ковачевски дека М-НАВ е претворена во семејна фирма, но тој требаше да оди до крај и да каже дека тоа е семејна фирма на власта на ДУИ и на СДС, каде што како што рековте снаата на Артан Груби, сестрата на Бујар Османи, чичко и братучед на Љупчо Николовски се вработени таму и што самиот призна. Но и двајца зетовци и еден син на Ејуп Алими и на Беким Незири исто се вработени во М-НАВ“
Директорот на финансиската полиција денеска остана недостапен, за тоа каков е исходот од интерната истрага која ја спроведуваат во М-НАВ. Извештаите на инспекторите за труд пак кои испитуваат како се вработувале лица во македонската навигација, би требало да бидат готови најдоцна до следната недела.
Во меѓувреме, 5 лица се во куќен притвор кои учествуваа во упадот во М-НАВ. И за последниот приведен во саботата кој беше недостапен за органите за приогон, Обвинителството ќе бара од Кривичниот суд да му биде заменет куќниот притвор со ефективен притвор.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
