Седуммина убиени во пукањето во училиште во Тајланд, 15 повредени

Седум лица, вклучувајќи го и напаѓачот, се убиени во денешното пукање во училиште во округот Банг Круаи во покраината Нонтабури во Тајланд, соопшти полицијата.
Во нападот, кој го изврши ученик од деветто одделение на возраст од околу 14 години, повредени се најмалку 15 лица, од кои двајца се во критична состојба.
Претходно властите соопштија дека напаѓачот убил наставник и ранил четири лица, од кои тројца ученици.
Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул изрази сочувство до семејствата на жртвите.
– Ова е навистина страшно, не требаше да се случи. Не само што ми е жал за жртвите, туку ми е жал што ова се случи. Како може ова да се случи во нашата земја – рече тој и нагласи дека владата не им дозволува на граѓаните да поседуваат огнено оружје.
Напаѓачот кој пукал во училиштето бил ученик во деветто одделение, на возраст од околу 14 години, изјави утрово за Би-би-си шефот на полицијата во покраината Нонтабури, Дехрапи Конгди.
Полицијата претходно соопшти дека напаѓачот починал.
Инцидентот бил пријавен околу 10 часот по локално време во училиштето во округот Банг Круаи, по што на лице место се упатиле полиција и припадници на специјалните единици за да ја стават ситуацијата под контрола, пренесе порталот „Нејшн Тајланд“ (Nation Thailand).
Училиштето најави дека ќе издаде официјално соопштение, додека надлежните ја продолжуваат истрагата за инцидентот.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
-

Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк
-

Курти гаѓан со јајца – хаос во Собранието на Косово
-

Внимавајте: МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата викендов | ВИДЕО
-

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор
