Балкан
8. August 2026 - 14:14

Курти гаѓан со јајца – хаос во Собранието на Косово

Инцидент го одбележа денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието на Косово, откако пратеничката Тимеа Кадријај од Алијансата фрли јајца кон вршителот на должноста премиер Албин Курти.

Тоа се случи откако Курти повторно побара дополнително време за консултации. Седницата потоа беше прекината, а во салата влегоа неговите телохранители.

Претседателот Авни Дехари најави дека пратениците дополнително ќе бидат информирани за продолжението на седницата.