Седницата за уставни измени доаѓа во време на општествени тензии за други теми
Невообичаено тензичен летен период во пресрет на седницата за уставните измени. Тензиите околу посетата на косовскиот премиер Курти, протестите на пензионерите, но и најавите за нови протести од септември навидум со неповрзани со уставните измени, но експертите кои ги контактиравме велат дека и тие ќе имаат влијае врз исходот.
-Мислам дека е јасно дека постои едно големо незадоволство и тоа полека почнува да се рефлектира во повеќе сегменти. Така што, иако можеби навидум личи неповрзано или индиректно, сепак сите овие протести претставуваат одреден изблик на социјално незадоволство коешто постои заради политичката ситуација. А кое почна уште со првите уставни промени, потоа со изневерените очекувања дека ќе ги почнеме преговорите, разните прифаќања на одредени работи за коишто најголем дел од населението, од Македонците, сметаат дека се неприфатливи.
Дека политичката состојба во земјата е напната потврдува и професорот Ненад Марковиќ кој е скептик дека во вакво време е можно исполнување на условот за продолжување на европскиот пат.
-Мислам дека ситуацијата, особено последните неколку дена, по посетата на Курти стана прилична нервозна и напната. Таква беше и претходно, што е за еден ваков мирен летен период невообичаено. Иако тоа не е директно поврзано со уставните измени секако дека даде свој придонес кон подигање на општите тензии кои сега можеби се и поголеми. Во оваа смила, јас од старт бев на мислење нема да се случат уставните измени. Односно, по мое видување, не мислам дека пред избори такво нешто е можно, вели Марковиќ.
И Божиновски го дели истиот став дека процесот само ќе почне, но нема да се заврши.
-Очекуваниот исход од таа седница е дека претседателот на Собранието, Џафери ќе ја отвори, претпоставувам и потоа ќе ја одложи на неодредено. Односно, нема да го стави тоа на гласање затоа што веќе им е јасно на сите дека власта нема мнозинство за да ја отвори постапката, процедурата за промена на Уставот, вели Божиновски.
Марковиќ очекува дека на есен потворно да има мини-политичка криза. Вели дека и власта и опозицијата преку целиот процес за промена на Уставот ќе се обидат само да си ја кренат цената.
-Власта со тоа што до крај ќе ја тера својата агенда, што е сосема нормално со оглед на тоа што таа е агендата на која почива целата програма на власта, тоа е европската агенда. Истовремено ќе се обиде да го прикаже ВМРО-ДПМНЕ како некооперативен и да го истера на чистина дали ќе гласа за уставните измени, што ВМРО-ДПМНЕ од своја страна нема да го направи. Многу е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се води од тактот на јавното мислење и дека пред изборите нема да преземе таков чекор, ако го преземе тоа ќе биде по изборите, вели Марковиќ.
И двајцата професори од Правниот факултет се согласни дека тоа што Албанија ќе се оддели од Македонија на патот кон Брисел во суштина и нема да промени многу со оглед на тоа што и други држави од регионот одамна ги почнаа преговорите, но се заглавени.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
