Се скарале на работа: Ром пријавил претпоставен Албанец за „Циган“, тој му возвратил со „Шиптар“, но не го пријавил
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди вознемирување врз основа на етничка и национална припадност во работен однос, по пријава од работник од ромска националност против негов претпоставен Албанец.
Инцидентот се случил во ноември 2025 година во Тетово, при монтажа на противпожарни врати. По расправија околу погрешно измерена врата, работникот пријавил дека претпоставениот го навредувал и го нарекол „Циган“.
Од другата страна, претпоставениот навел дека колегата прв го провоцирал и го нарекол „Шиптар“, по што тој возвратил со навреди. Тој поседувал и видеоснимка на која, според неговото тврдење, се гледа како колегата ги брише погрешно запишаните мерки.
Во фирмата била спроведена дисциплинска постапка, при што на двајцата им биле изречени опомени. Компанијата дополнително донела и правилник за заштита од вознемирување на работното место.
Иако КСЗД констатирала професионална грешка кај работникот што го пријавил случајот, Комисијата оценила дека етничките навреди претставуваат вознемирување и му препорачала на претпоставениот во иднина да се воздржува од дискриминаторско однесување.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
