Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
Тајните разговори не се ништо ново во светската дипломатија но СДСМ не му верува на министерот Муцунски бидејќи според нив, неговата партија не сакала Македонија да стане дел од Европската Унија
Во Левица пак сметаат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ спрема предавство на македонските национални интереси.
„Се обвистинија предупредувањата на Левица околу лажноста на ветувањата на ДПМНЕ дека тие со интегритет и достоинство ќе застанеле во одбрана на државата, народот и јазикот. Моментално гледаме сценарио во кое МНР и Владата го опипуваат пулсот на македонскиот народ за да ја искористат можноста да прошверцаат еден ваков договор.
Пред само недела дена, во манир на политички шпекулант, Муцунски ја коментираше ништожноста на одредени ставки во преговарачката рамка, за сега да излегува со коментари дека самиот тек на преговорите мора да остане во тајност.“ – се вели во соопштението на Левица
Министерот Муцунски вчера во интервју за МИА потврди дека се водат разговори за надминување на спорот со Бугарија но не откри повеќе детали коментирајќи дека на тој начин ќе го загрози процесот. Тврдеше дека Владата останува на позициите дека не е подготвена за отстапки за прашања поврзани со идентитетот, историјата, јазикот и културата.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
