Се подготвува монтажна болница во Гевгелија
Започнаа подготовките за изградбата на модуларниот ковид центар во Гевгелија. Општината веќе ја уредува локацијата и работи на обезбедување на приклучоци за вода, канализација и струја. Објектот е сместен на паркинг просторот непосредно до општата болница и ќе биде дел од планираните 16 модуларни болници во земјата што ги најави министерството за здравство. Од гевгелиската болница се надеваат дека објектот ќе биде финализиран во најкраток можен рок со што значително ќе се олесни работата на здравствените работници, но и третманот на пациентите .
„Просторот ќе биде наде со површина од околу 400 квадратни метри, со тоа што во него ќе има неколку сегменти, односно дел кој што ќе биде вусшност зелен дел или чист дел во кој што ќе имаме прием на пациенти, простор во кој ќе се тестираат пациенти и доколку има потреба од нивни хоспитален третман ќе бидат згрижени во стационарниот дел во кој што ќе има капациоте некаде од околу 13 или 14 кревети“, вели д-р Митко Крџев - директор на Општа болница Гевгелија.
Пред десетина дена со финансиска поддршка на општината болницата во Гевгелија го прошири објектот за прием и дневен третман на пациенти позитивни на ковид 19. Во моментов, во Гевгелија има хоспитализирано 10 лица , а секојдневно помеѓу 40 и 50 пациенти примаат терапија на дневна болница. Според последниот 24 часовен извештај на подрајчето на Гевгелија има 208 активни случаи на корона вирус.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
