Македонија
22. March 2024 - 12:23

Се бетонира охридското крајбрежје

Скоро секојдневно, на десетици локации, се узурпира и уништува крајбрежјето.И додека се чека на урбанистичкиот план во заштитената зона на крајбрежниот појас повторно се гради  и доградува во Извидничкиот центар во Охрид, на самиот брег на езерото реагираат од граѓанската иницијатива Охрид СОС. Тие најавија дека е доставена претставка до надлежните инспекциски служби.

- Кој ќе чека на Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за заштитената зона на крајбрежниот појас, а дополнително на некаква физибилити студија? Додека инспекциите си седат во своите удобни и топли канцеларии, останува на жителите на регионот, на обичниот народ, да следи што се случува и да реагира. Некој што е платен да врши обиколки, да работи на терен, мора да се измоли да реагира, а најчесто се тоа само формални постапки, кои не завршуваат со конкретни санкции или се прогледува низ прсти, пишуваат од Охрид СОС на фејсбук.

Реагираат и екологистите тие постојано алармираат дека овој период пред сезоната се гради и бетонира на брегот се пали трска и друга вегетација среде ден, а на повеќе локации се депонира и градежен шут.

Инаку пред само два дена беше опожарена трска на брегот на Охридското Езеро на патот Струга-Калишта повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга по наредба на Јавен обвинител бил извршен увид од полициски екипи.