Само пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги слушаа синдикалците за законите за администрација
Повикот на Синдикалците за средба со пратеничките групи за трите спорни закони за јавна администрација кои со европско знаменце и скратена постпака ги турка власта денеска го слушнаа само од ВМРО-ДПМНЕ. Синдикатите се жалат дека со овие закони наместо реформа на јавната служба се намалуваат платите на административците.
- Жалиме што се обидуваат на ваков начин, на крајот на мандатот, да стокмат законско решение кое ќе ги чини вработените во јавниот сектор, односно сите оние работници за кои се однесува Законот за административни службеници – 2.500 денари помалку на нивната плата од март 2024 година и сметаме дека тоа ќе биде поразително.
На состанокот беше и новиот дополнителен заменик министер за администрација Стефан Андоновски кој застана на барањата на синдикалците.
- Со измените на Законот, односно со овој нов закон се овозможува функционерот по негово лично наоѓање за себе блиски или пожелни или оние вработени кои му одговараат да им обезбеди зголемување на надоместоците за 30 проценти и нема никаква објективизација на критериумите
Министерот Алиу пак, тврди дека Синдикатот бил консултиран во реформата на јавната администрација, но и дека на административците нема да има се намали платата.
Во меѓувреме во Комисијата за европски прашања, минстерот и власта ги одбиваа амандманите на ВМРО-ДПМНЕ во последниот ден дебата за овие законски решенија пред тие да завршат на конечно гласање во пленарната сала. Алиу, кој доаѓа од редовите на Алијанса на Албанците, минатата недела се закани со оставка од министерската позиција доколку СДСМ и ДУИ не ги процесуираат овие закони во парламентот.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
