Македонија
27. August 2026 - 11:40

Сахарска прашина над Македонија и пеколни температури за продолжениот викенд

Македонија останува под влијание на екстремно топол воздушен бран од Африка, а за време на продолжениот викенд, покрај високите температури, се очекува и присуство на сахарска прашина и песок во атмосферата.

Според прогнозата на Метео аларм, на 28, 29 и 30 август над Македонија ќе има зголемена концентрација на сахарска прашина. Поради тоа атмосферата може да биде заматена, а чувството на топлина дополнително изразено.

Истовремено продолжуваат и пеколните температури. Денеска максималната температура ќе достигне до 39 степени, а топлиот бран ќе донесе и тропски ноќи во повеќе градови низ земјава.

За време на викендот претпладне ќе биде претежно сончево и топло, додека во попладневните часови наместа се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се можни и поинтензивни процеси со силен ветер и услови за појава на град.

Ново на Сител