САД и ноќеска извршија напади врз цели во Иран, Техеран соопшти за експлозии во повеќе региони

Американските вооружени сили соопштија дека синоќа ја спровеле 13-тата последователна ноќ на напади врз Иран, во услови на ескалација на конфликтот околу поморските трговски патишта на Блискиот Исток.
Иранските медиуми изутринава објавија дека се регистрирани неколку експлозии низ државата. Според информации на властите во Иран, погодени биле цели во областите во близина на градовите Ахваз, Андимешк и Омидије во југозападната провинција Хузестан.
Експлозии биле слушнати и во близина на островот Кешм што се наоѓа кај Ормуската Теснина, како и во околината на пристанишниот град Бандар Абас.
Централната команда на вооружените сили на САД (СЕНТКОМ) соопшти дека нападите имаат цел „да го повикаат Иран на одговорност и да ги намалат заканите што ги претставува Исламската револуционерна гарда за цивилниот поморски сообраќај“.
Конфликтот повторно ескалираше претходно овој месец, откако иранските сили отворија оган врз трговски бродови во Ормуската Тесннина.
Претходно јеменските бунтовници Хути кои ги поддржува Иран соопштија дека нападнале два саудиски танкери за нафта во Црвеното Море, што дополнително ја зголеми загриженоста од проширување на конфликтот, во момент кога цената на нафтата на светските пазари надмина сто долари за барел.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
