САД и Иран ги продолжуваат мировните преговори во Швајцарија

Американскиот пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи се на пат кон Швајцарија за да ги продолжат мировните преговори, објави Аксиос.
Иран и САД потпишаа рамковен договор во средата кој предвидува сеопфатен крај на воените конфликти во регионот.
Првичната рунда разговори меѓу Иран и САД планирана за петок, чија цел беше унапредување на рамковниот договор, беше откажана во последен момент.
Цитирајќи американски функционер, Аксиос објави дека Виткоф е на пат кон Швајцарија за да му се придружи на зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, кој веќе е таму, а се очекува да пристигне и шефот на иранската дипломатија Арагчи.
Во 60-те дена по договорот, преговарачите треба да работат на конечен договор што ќе донесе траен крај на војната во регионот, која започна со нападите на САД и Израел врз Иран на крајот на февруари.
МИА
Ново на Сител
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
